Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Попладнево со почеток од 17:00 часот, Европскиот Шампион ќе означи старт на подготовките
Попладнево со почеток од 17:00 часот, Европскиот Шампион ќе означи старт на подготовките

Попладнево со почеток од 17:00 часот, Европскиот Шампион ќе означи старт на подготовките

Европскиот ракометен шампион денес стартува со подготовки за новата натпреварувачка сезона. Новиот стратег на црвено-црните, Давид Писонеро ќе го има првиот собир со својот нов тим.

Со изменет состав од минатата сезона, амбицците на клубот и новиот тренер се исти, а тоа е освојување на што е можно поголем број на трофеи. Секако дека целта е нов пласман на завршниот турнир во Келн, како и напад на нова Европска титула, како и одбрана на СЕХА-трофејот, а задача ќе биде да се врати куп трофејот во витрините и да се одбрани домашната титула.

Попладнево во спортскиот центар Јане Сандански ќе ги видиме и новите засилувања: Димитар Димитриоски, Павел Атман, Хозе Гиљермо Толедо, Сергеј Горпишин, Артурс Кугис и Домен Сикошек Пелко. Од екипата си заминаа: Вуко Борозан, Глеб Калараш, Дејан Милосављев, Димитри Кисељев, Мораес Фереира, Јана Војводиќ, Игор Карачиќ и Владо Недановски.

Денешниот прв собир е закажан да започне од 17:00 часот.