Денес, среда (24/07) во Маврово на кадетската женска македонска селекција ќе се придружат и петте девојки кои имаа задачи со младинската репрезентација на ЕХФ Шампионатот во Литванија. Со ова ќе се комплетира тимот, одлично се одработија „базните“ подготовки во Маврово, истите завршуваат утре. Викендов во Автокоманда кадетките на Македонија ќе одиграат два контолни дуели со нашиот источен сосед, Бугарија.
Го исконтактиравме и македонскиот стручен штаб, како што не информираа импресиите се позитивни од работата со девојките. Задоволи се од ракометарките, истите се предани на задачите, од стартот до денес едноставно правилно и одлично се работи. Постигната е потребната хемија, девојките се вклопија, се оди по зацртаниот пат. По мечевите со Бугарија ќе се има првичната слика велат од стручната фела на кадетската селекција. Денес се приклучуваат и останатите пет девојки што е позитивен имплус за нив, бидејќи ќе може да работат со целиот ростер.