Тимот на Вардар претрпе висок пораз на летните подготовки во Словенија, откако попладнево амбициозниот хрватски прволигаш Горица го совлада нашиот тим со високи 3:0 (2:0).
Вардар немаше никакви шанси на овој дуел, противникот уште од самиот старт ја најави победата. Веќе во петтата минута со голот на Ндиаје, Горица стигна со предност од 1-0. Веќе во десеттата минута со голот на Ловриќ противникот дојде и до 2:0. Со овој резултат се замина на пауза. Во вториот дел, Вардар одигра нешто подобро, но повторно покажа дека одбраната е ранлива, а нападот неубедлив. Во 60. минута преку Бабец противникот дојде и до високи и убедливи 3:0. Вардар имаше обиди преку Ибиши, Мицевски и Брдаровски, кои останаа неискористени. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот.
ВАРДАР: Гачевски (46’ Илиќ), Жуниор (82’ Манасиевски), Брдаровски (82’ Трајчевски), Најдовски (77’ Серафимов), Младеновски, Димовски, Адем (82’ Ѓурковски), Игнатов (82’ Омерагиќ), Ибиши (82’ Јусуф), Мицевски (77’ Реџепи), Колевски (46’ Велковски).
Ова беше прв пораз во Словенија по победата над тимот на Дравиња со 1:0.