Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Slider > Одлично отварање на турнирот во Боровец, вардаровите пионери ја победија ЦСКА Софија
Одлично отварање на турнирот во Боровец, вардаровите пионери ја победија ЦСКА Софија

Одлично отварање на турнирот во Боровец, вардаровите пионери ја победија ЦСКА Софија

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар со победа го започнаа настапот на силниот меѓународен турнир во Бугарија. Избраниците на Драган Стефановски во првото коло ја победија екипата на ЦСКА Софија, со конечен резултат од 3:1.

Одлична игра за нашите млади надежи кои покажаа многу повеќе од противникот. По првото полувреме, Вардар имаше водство од 2:0. Резултатот на овој натпревар го отвори Антонио Мирков со погодок од слободен удар, за предност на нашите пионери од 1:0. Од истово место, резултатот на 2:0 го зголеми Георг Стојановски, за на полувреме да имаме солидна предност.

Во вториот дел падна по еден гол на двете страни. Најпрво, тимот на ЦСКА го намали резултатот на 2:1 и тоа со наш авто гол, додека сите дилеми околу победникот ги реши Георг Стојановски, кој со својот втор гол го зголеми резултатот на 3:1.

Вардар: Стојковски, Давков, Сељанац, Ѓоргоски, Јовановски, Ѓорѓиевски, Давидовски (c), Стојчевски, Мирков, Живков, Стојановски

Одлично отварање на турнирот за вардаровите пионери, кои во текот на утрешниот ден ги очекува меч против Стеауа.