Женскиот кошаркарски клуб Вардар продолжува со реализација на својата зацртана цел за унапредување и развој на младите кошаркарки во своите редови.
Раководството на Вардар донесе значајна одлука за следната сезоната, 2020/21 младите вардарки да се натпреваруваат на меѓународна сцена во WABA ( Woman Adriatic basketball association ) која ќе претставува голем предизвик за кошаркарките родени 2004 и помлади.
Во категоријата на кошаркарки до 17 години ќе настапуваат вкупно 20 екипи од 7 држави како што се истакнатите кошаркарски брендови, клубовите: Партизан- Белград, Будуќност – Подгорица, Ратгебер- Печ, Цинкарна – Цеље. Меѓу нив и тимот на Вардар ќе има можност да ги измери своите сили и квалитети.
Вардар како синоним за спортски бренд во Македонија ќе ја има можноста за афирмација на младинската женска кошарка и секако ќе настојува да избори добар пласман во својот прв настап во waba лигата.