Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лазаревиќ и официјално дел од Вардар
Лазаревиќ и официјално дел од Вардар

Лазаревиќ и официјално дел од Вардар

Шампионот на Македонија го договори и своето петто летно засилување. По Блажевски, Најденов, Петковски и Велковски, Васоски го добива и  Стефан Лазаревиќ.

Се работи за играч кој игра во средниот ред и добро се снаоѓа на повеќе позиции. Во минатото беше дел од тимовите на Борец и Работнички.

Овој играч беше на неколку дневна проба во Вардар, а сега става и потпис на договор во важност од шест месеци.

Во следниот период Вардар треба да обезбеди уште две нови имиња.