Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари, како подготовка за она што ги очекува во Чешка, а тоа се октомвриските квалификации за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство.
Младата фудбалска репрезентација ќе се тестира со екипите на Шкендија и Тиквеш, дуели кои ќе се одиграат на 12 и 15.август на тренинг центарот Петар Милошевски.
За овие дуели, селекторот, Шкумбин Арслани повика и двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Виктор Крстевски и Филип Андоновски, додека својот повик поради повреда го откажа Али Асани.