КК Вардар кој сезони наназад „жнее“ успеси во младинските кошаркарски генерации оваа сезона нема да може да ја збогати додатно својата збирка на трофеи. Кошаркарската федерација ги прекина сите младински лиги и не прогласи прваци во ниту една од нив. Во информацијата од федерацијата се вели:
Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Младинските лиги мажи (М18, М16, М15, М14, М13, М12) да не се доиграат. За сите младински лиги од машка конкуренција во натпреварувачката сезона 2019/20 да не се прогласуваат шампиони.
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Младинските лиги жени (М18, М16, М14,) да не се доиграат. За сите младински лиги од женска конкуренција во натпреварувачката сезона 2019/20 да не се прогласуваат шампиони.
- Според моменталната состојба во табелите на М18 и М16 младинските лиги мажи, пред почеток на сезоната 2020/21, да се играат квалификациски натпревари за влез во првите лиги и тоа помеѓу последните 2 екипи од прва лига со првите 2 екипи од втора лига.
- Според сегашниот пласман во М14 младинската лига, првите 4 пласирани од Исток и Запад формираат лига од 8 екипи кои ќе ја сочинуваат Првата лига. Истата во следната сезона 2020/21 ќе биде финансирана од страна на КФСМ.