Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Радуловиќ: Вардар ти благодарам за се што ми даде
Радуловиќ: Вардар ти благодарам за се што ми даде

Радуловиќ: Вардар ти благодарам за се што ми даде

По 2,5 години на клупата како прв тренер, 40-годишниот стручњак одлучи да го напушти тимот каде ја почна својата тренерска кариера и да побара нов предизвик. Во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на МЗТ Скопје каде ќе му помага на својот поранешен соиграч, но и колега од „црвено-црните“ редови Ѓорѓи Кочов.

„Го достигнав зенитот во Вардар, сметам дека МЗТ Скопје е вистински предизвик за мене, моете знаење и амбициозност.

Вардар, ти благодарам за се што ми даде овие години, за целата укажана доверба. Се надевам дека ја заслужив работејќи напорно. Благодарам на сите структури, од раководството, моите асистенти и секако играчите кои многу напредуваа, а и јас со нив.

Вардар, ти посакувам среќа и големи успеси, а некогаш можеби нашите патишта повторно ќе се вкрстат. Вардар течел и ќе тече“, порача Радуловиќ на разделбата.

Заедно со последната сезона од играчките денови и периодот како помошник на Кочов, тој во Вардар помина вкупно пет сезони.

 

извор: http://basketball.mk/