Saturday ,11 July 2020
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар нема да ја брани титулата, федерацијата ја прекина сезоната без прогласување првак
ЖКК Вардар нема да ја брани титулата, федерацијата ја прекина сезоната без прогласување првак

ЖКК Вардар нема да ја брани титулата, федерацијата ја прекина сезоната без прогласување првак

Кошаркарската федерација на Македонија одлучи дека Првата лига кај дамите ќе биде прекината без прогласување на шампион. Па така ЖКК Вардар ќе остане да „владее“ во лигата и Купот се до идната сезона. Вардарки немаа шанса да ја бранат титулата поради прекинот на лигата. Во информацијата од „куќата на кошарката“ се вели:

Поради пандемијата на коронавирус, согласно одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус донесена од Владата, а со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува натпреварувачката сезона 2019/20 од Прва лига жени да не се доигра. За натпреварувачката сезона 2019/20 нема да се прогласи прогласи шампион“, се вели во соопштението на федерацијата.

Претходно беше прекинат и шампионатот кај кошаркарите, исто така без шампион и испаѓање. КК Вардар кој беше во „критичната зона“ остнаува прволигаш и идната. Сепак во новата сезона 2020/2021 ќе биде тешко да се опстане во елитата бидејќи дури четири тима ќе испаѓаат, па вардарци мора да бидат најмалку пет скалила од дното.