KK Вардар дојде до пехарите кај најмладите кошаркарски категории, М12 и М13. Покрај ова по двете финалиња МВП-признанијата сосема очекувано завршија кај црвено-црните надежи.
Вардарци вистински владеат во лигата М13. На финалниот турнир влегоа и двете наши екипи, Вардар 2 и Вардар 1 кои убедливо ги поразија своите противници. Во дуелот за бронза, падна тимот МЗТ Скопје Аеродром него го совлада Вардар 1 со 61:80. Финале го освои Вардар 2 кој го совлада тимот на Академија ФМП 69:46.
МВП-Најкорисен играч на финалето беше избран Бојан Величковски од Вардар 2.
М12 стана шампион, во финалето во еден тесен и неизвесен натпревар, црвено-црните момчиња го надиграа противникот Партизан МШ и заслужено се радуваа на оваа титула. Победата дојде со резултат 60-55.
МВП-Најкорисен играч на финалето беше Доријан Ивановски од Вардар.