Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Slider > Кристопанс: Ја имав најдобрата сезона, со Вардар ја освоив ЛШ, а со Летонија се пласирав на ЕП
Кристопанс: Ја имав најдобрата сезона, со Вардар ја освоив ЛШ, а со Летонија се пласирав на ЕП

Кристопанс: Ја имав најдобрата сезона, со Вардар ја освоив ЛШ, а со Летонија се пласирав на ЕП

Најдобриот стрелец на Вардар во сезоната во која измина, играчот кој успеа за прв пат да ја освои Европската титула и со својата репрезентација да обезбеди историски пласман на Европското првенство во 2020 година. Се работи за Даинис Кристопанс, кој сигурно дека ја има најдобрата сезона во неговата кариера, година која ќе ја памети вечно. Благодарение на неговите 13 гола против Словенија, репрезентацијата на Летонија успеа да се пласира на ЕП. Летонскиот „џин“ до крај ќе го одбработи договорот со Вардар, што значи дека и во следната сезона ќе го гледаме во црвено-црниот дрес.

Ја имав најдобрата сезона во мојата кариера. Навистина сум задоволен и исполнет со емоции после освојувањето на Лигата на шампионите со Вардар, а сега срцето ми е полно затоа што со Летонија успеавме да се избориме за прв пласман на Европските првенства. Им благодарам на сите мои соиграчи што ми помогнаа, без нив немаше да дадам толку голови и да дојдам до олку високи дострели. Ние сме мала нација, но атмосферата е перфектна, голема благодарност до сите кои не подржуваат.