Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар со ген.2008, 2009 и 2010 ги одигра првите мечеви на „Драган Манце Куп 19“
ФК Вардар  со ген.2008, 2009 и 2010  ги одигра првите мечеви на   „Драган Манце Куп 19“

ФК Вардар со ген.2008, 2009 и 2010 ги одигра првите мечеви на „Драган Манце Куп 19“

Од вчера, три генерации на фудбалскиот клуб Вардар па до 16-ти јуни се  дел од силен меѓународен турнир, “Драган Манце Куп 2019“ во Белград. Натпреварите ќе се играат на стадионот “СЦ Телеоптик-Партизан. На истиот црвено-црните  настапуваат  со генерациите 2008, 2009 и 2010 година кои ги одиграа своите први дуели.

ФК Вардар генерација родени 2009 одиграа два дуели, во истите имаа една победа и едно несреќно реми. Сепак покажаа допадлива игра момците на Колевски Илија. Тие се  сретнаа со екипите на Институт Романија и Реал Ниш.

Тимот од  Романија го надигравме, на оваа средба дојдовме до “цел плен“ откако триумфиравме над ривалот со минимални, но доволни 1-0. Единствениот погодок вреден три бода го постигна Јаков Стојковски. Против српскиот тим Реал водевме 1-0, Павел Котески-Митровски беше стрелец на овој погодок. По една корна нашиот дефанзивен играч во манир на голем стрелец погоди ефектно со глава. Противникот кој одлично парираше изедначи на 1-1  со “ножички“ во самиот финиш.

ФК Вардар генерација 2010, најмалите вардарци кои настапуваат на овој турнир дојдоа до победа со 4-0 и беа поразени минилно со 3-2. Тие во еден дуел во кој целосно доминираа беа подобри од екипата на, Мачва.

За нас на средбата во која триумфиравме  секој од головите кој донесе три бода во првиот натпреварувачки ден го постигна различен играч.  Мрежата на противниците ја тресееа: Дарио Илиќ, Матеј Чедевски, Стефан Ристиќ и Далибор Марковиќ. На мечот на кој бевме поразени погоди Ристиќ и Марковиќ.

Тимот на ФК Вардар генер.2008 на Влатко Колев оствари половичен успех на првиот натпреварувачки ден. Тие успеаа да дојдат до една победа и забележаа еден, минимален пораз на дуелите од овој меѓународен турнир. Пораз од 1-0 забележавме со екипата на ФК Оне тим. Во средбата со екипата на  Соко Маестри ние издоминиравме максимално, имавме повеќе од играта и дојдовме до победа со четири гола повеќе. Триумфот беше остварен со резултат 5-1 на овој дуел.