Три екипи на фудбалскиот клуб Вардар од денес имаат натпревари во Бугарија, на турнирот во Несебар. Победивме на сите воведни дуели денес, интересен факт е дека на сите средби победата дојде со пет гола позитива за црвено-црните момци.
ФК Вардар ген.2005 предводена од Зоран Петковски успеа да го отвори со победа овој турнир. Тие се сретнаа во прелиминарното коло со тимот на ФК Бургас Спорт, црвено-црните надежи успеа со пет разлика да бидат подобри од бугарскиот ривал.
Вардар генерација родени 2005 година победи со резултат 6-1 на оваа средба. Доминацијата во играта беше изразена и со крајниот резултат на овој дуел. За нас стрелаа пет различни момци, Давор Лефковски погоди два пати, по еднаш стрелаа: Лука Јакимовски, Матеј Николовски, Кристијан Таневски и Никола Величковски.
Помалата генерација од нив, ФК Вардар генерација.2006 дојде до победа со „петарда“ во првото коло од овој меѓународен турнир. Момците на Филип Спасевски успеаа да го совладаат тимот на ФК Ника со резултат 5-0.
Украинците немаа сили да се борат против нашите атаци, ние започнавме офанзивно од почетокот на средбата и од минута во минута успеавме да ја “решетаме„ мрежата на ривалот. За нас погодија тројца момци, три гола беа дело на Алији Алтин, по еднаш стрелаа Олег Трифуновски и Сековски Дарко.
Идентична победа со пет гола имаа и најмалите од вардаровите екипи учесници на овој меѓународен настан кај нашиот источен сосед. ФК Вардар генер.2007 беше подобар од бугарски тим, ние го совладавме тимот на ФК Локомотив.
Победата над тимот од Софија дојде со 5-0, во дуел во кој целосно доминиравме во сите фази на фудбалската игра. За нас имаше четири момци кои погодија во мрежата на Локомотив. Два гола беа дело на Борјан Томовски, по еднаш стрелаа Марко Киш, Емир Шаботиќ и Александар Грашески.