Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФОТО: Добивме и ,,Иницијатива за спас на ФК Вардар”
ФОТО: Добивме и ,,Иницијатива за спас на ФК Вардар”

ФОТО: Добивме и ,,Иницијатива за спас на ФК Вардар”

По успешната ,,Иницијатива за спас на РК Вардар”, сега се појави на Фејсбук и иницијатива за спас на фудбалскиот клуб на Вардар.

ФК Вардар е нешто повеќе од клуб за сите Скопјани и вистински ,,црвено – црни” вљубеници. 

ФК Вардар е срцето и душата на Скопје. Клуб со највеќе титули во историјата на фудбалска Македонија. Клуб што во сезони достигнувал и посетеност од 20.000 илјади гледачи на Градски. Вардар е единствен клуб што играл во групи на едно масовно натпреварување.

Сега, денеска, нашиот миленик се соочува со ОГРОМНИ финансиски проблеми. Не сме ни свесни дека нашиот миленик во овој момент е во тешка криза, а згора на тоа и ,,казнет” со неможност за купување на нови играчи.

received_381905965776775

ОВАА СТРАНА нема за цел само лајкови да добива. Ги ПОВИКУВАМЕ управата, вистинските Вардарци, Комитите и г-дин Самсоненко јавно да ја поддржат оваа иницијатива и сите заедно да го тргнеме нашиот клуб од овие ,,темни облаци”.

Доста е со поделби и префрлување на топката!

Време е Вардар да го спасиме и да продолжи да функционира како и што впрочем заслужува. 

- Страната можете да ја погледнете ТУКА.