Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Петковски и Димов го напуштија Вардар Јуниор
Петковски и Димов го напуштија Вардар Јуниор

Петковски и Димов го напуштија Вардар Јуниор

Екипата на Вардар Јуниор која успеа да обезбеди опстанок во најсилната Супер лига, од следната сезона ќе биде ослабена за неиграњето на двајца искусни играчи.

Се работи за голманот, Андреј Петковски и десното крило, Мартин Димов. И двајцата играчи ги поминаа сите младински категории на Вардар, сепак во новата сезона се одлучија за поголем предизвик во нивната кариера. За Петковски се уште не е познато, каде ќе ја продолжи кариерата, додека Димов потпиша едногодишен договор со екипата на Шала од Словачка. И двајцата имаа забележано настапи за првиот тим на Вардар.