Комити ќе патуваат за Кратово на дуелот со Силекс. Во соопштението за овој дуел велат:
Нов натпревар, нова шанса да се поправи играта, нова шанса конечно да одработиме едно гостување, шанса да можеме како луѓе да проследиме еден гостински натпревар на Вардар сезонава. Почнувајќи од забраните со Шкендија, Пелистер, Скопје, Победа, па еве и Работнички со оглед на левиот термин во работен ден, па и оние Европските на крајот не светот, еве прилика да го посетиме Комитско Кратово на раат…
За нас сега секој натпревар е да се биде или не, затоа што немаме повеќе право на луксузи од типот лош ден, ниту оправдувања од типот замор, слаб ростер, лош терен…Теренот е ист за сите, и оправдувањата тука завршија, сега се потребни победи како дома така и на гости…
Нема оправдувања ни за нас, Недела е ден кој го посветуваме на нашата љубов, дали дома или гости сеедно…
САКАМЕ ПОБЕДА!!!