Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Силекс следен противник на Вардар
Силекс следен противник на Вардар

Силекс следен противник на Вардар

Шампионот на Македонија, тимот на Вардар нема време за одмор, црвено – црните веќе во недела ќе одиграат нов натпревар во рамките на ПМФЛ. Вардарци по двата неуспеха во низа против Победа и Работнички, имаат уште едно незгодно гостување, овој пат во Кратово кај тимот на Силекс.

Кратовчани оваа сезона играат добро во ПМФЛ, по 12. одиграни рунди тимот на Силекс се наоѓа на четвртата позиција на табелата одма зад Вардар со 18. освоени бодови или пет победи три нерешени и четири порази. Овие два тима оваа сезона одиграа еден натпревар и тоа во Скопје, на тој меч Вардар славеше победа со резултат 3:1.

Очекуваме црната серија од два порази по ред да биде прекината в недела во Кратово.