Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија Ѓ.П е противник на Вардаровите екипи, во 9 првенствено коло кај младинските категории
Македонија Ѓ.П е противник на Вардаровите екипи, во 9 првенствено коло кај младинските категории

Македонија Ѓ.П е противник на Вардаровите екипи, во 9 првенствено коло кај младинските категории

Во сабота и недела ќе се одигра деветтото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардаровите генерации ќе биде екипата на Македонија Ѓ.П. Кадетите и младинците во сабота гостуваат на теренот во Ѓорче, додека во недела на теренот на Академијата пионерските екипи се домаќини на Македонија Ѓ.П. Натпреварите ќе започнат во термините од 13 и 15 часот.

Помладите пионери моментално се најдобрата Вардарова генерација, која по осум одиграни кола има дури седум победи и само еден нерешен резултат. Тие се наоѓаат на првото место на табелата пред екипите на Победа и Работнички. Одлично играат младите Вардарци во нивната дебитантска сезона во првенството и може да се каже дека се најпријатното изненадување. Пионерите имаа добра шанса да сврзат две победи по ред, откако славеа минатото коло на гостувањето во Куманово, против екипата на Милано. Радува фактот што во екипата се враќаат голманот Матеј Андов и Марио Илиевски, кои поради картони ги пропуштија последните два меча. Андов би требало да брани за пионерите, додека Илиевски е неизвесно за која генерација ќе настапи на дуелите со Македонија Ѓ.П.

Кадетите ќе се обидат да стигнат до својата петта победа во лигата, за тоа да се случи ќе мораат да го победат лидерот во оваа категорија, а тоа е токму тимот на Македонија Ѓ.П, кој игра одлично оваа сезона во оваа генерација. Младинците по осум одиграни натпревари имаат пет победи и три порази и тие ќе имаат тешко гостување против врсниците од Ѓорче. Ќе видиме со каков состав ќе излезат младинците, со оглед дека неколку играчи тренираат и имаат настапи паралелно и за првиот тим. Изминатиов период таков беше случајот со Стојчевски и Тодороски, додека со првиот тим тренира и голманот, Бојан Тимевски. Радува фактот што после повредата кај младинците се врати Јакуп Бериша, кој на претходниот натпревар со Милано постигна два гола.