Вардаровите генерации на ФК Вардар родени “2003“ и “2004“ година во сабота ќе го одиграат деветтото коло во рамките на регионалната лига. На програмата е дербито со екипата на Шкендија. Овие мечеви требаше да се одиграат на гостински терен во Тетово, но поради барање на Шкендија, натпреварите ќе се одиграат на Академијата на ФК Вардар.
Генерацијата “2003“ по осум одигграни кола, не вбројувајќи го првото коло каде игравме со академијата на ФФМ, има вкупно шест победи и еден нерешен резулат, оној во рамките на второто коло против екипата на Работнички. Од тогаш избраниците на Горан Петрески се наоѓаат во серија од шест последователни победи во лигата. Последната беше на гостувањето против Скопје, каде славевме убедливо со резултат 1:6. Натпреварот со Шкендија започнува од 12:00 часот и е дерби на колото, односно борба за првото место на табелата. Двете екипи пред одигрување на овој натпревар имаат ист број на освоени бодови.
Максимални 21 освоени бодови по првите седум одиграни кола има и генерацијата “2004“ на Игор Кралевски, која се наоѓа на првото место на табелата. Освен првото коло кое беше ревијално со академијата на ФФМ, младите Вардарци до пред одигрување на дербито со Шкендија се наоѓаат во серија од седум победи. Исто така се пласираа и во четврфинаелто на купот, каде во осминафиналната рунда во еден натревар го елиминираа тимот на Пелистер. Дуелот со Шкендија ќе започне од 10 часот на теренот на Академијата.