Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа победа на вториот контролен натпревар против селекецијата на Бугарија. На натпреварот кој се одигра во Софија, избраниците на Марио Вујовиќ славеа со резултат 0:2. Стрелци на головите беа Живиќ и Николов, за триумф на Македонија.
Во првите 11-сетмина на овој натпревар се најдоа играчите на Вардар, Марио Илиевски, Анатолиј Петејчук и Александар Ѓурковски. Шанса во второто полувреме добија и голманот Матеј Величковски и Филип Андоновски. Се на се успешна контрола за нашата млада репрезентација на контролните дуели со Бугарија.