Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Регионалната лига ни служи за воигрување, но и за задржување на натпреварувачкиот ритам и желбата за победа
Дибирова: Регионалната лига ни служи за воигрување, но и за задржување на натпреварувачкиот ритам и желбата за победа

Дибирова: Регионалната лига ни служи за воигрување, но и за задржување на натпреварувачкиот ритам и желбата за победа

Во петок и сабота нашиот женски ракомеен шампион ќе биде дел од вториот регионален турнир во новата сезона. Домаќин ќе биде Љубљана, а покрај Вардар ќе настапат и екипите на Будуќност и Крим. Паузата во лигата на шампионите ќе ја искористиме за продолжување на натпреварувачкиот ритам и темпирање на формата, пред следниот меч во ЛШ, кој е закажан за на 4-ти ноември на домашен терен против екипата на Ларвик. Во Љубљана ќе отпатуваме без пикерот Драгана Цвијиќ. За официјалната страна на клубот Ирина Дибирова зборуваше за почетокот на сезоната и одиграните натпревари на Вардар.

-Имаме неколку повредени играчи. Единствено Драгана Цвијиќ нема да патува поради болест, но сите други ќе патуваат и во зависност од тоа кој колку ќе може да издржи толку и ќе игра. Треба да ја направиме тактиката, и да се обидеме да одиграме на највисоко ниво. Не ми се допаѓа што немаме стабилност и константност во играта. Затоа треба сите да бидат во форма, а не да чекаме само од оние што се во првиот состав. Треба сите да можат да дадат свој придонес во играта. Има играчи кои добро играат, но на некои уште им треба темпо и подигање на формата.

Новитет оваа сезона е што Вардар уште од почетокот е дел од домашната супер-лига, каде моментално има шест победи од исто толку одиграни натпревари, на кои поголема минутажа добиваат ракометарките кои минуваат помалку на теренот, на мечевите од лигата на шампионите.

-Многу би сакала сите да играат по 15-тина минути во натпреварите и во ЛШ. Но, на некои им треба уште малку време да влезет во ритам. Затоа се добри овие натпревари од регионалната лига за да можат повеќе да напредуваат.

Вардар ја брани титулата во регионалната лига, освоена минатгата сезона, а на првиот турнир кој се одигра сезонава во Подгорица, забележавме две победи над истиве противници.

-Нам ни требаат повеќе натпревари да играме. Но, ние секогаш се концентрираме само на нашата игра. Регионалната лига е за воигрување, но треба и да се победува. Тоа се натпревари во кои сакаме да пробаме и нови работи, да се воиграме, но го задржуваме натпреварувачкиот ритам и желбата за победа. На секој меч сакаме да победуваме. Така е секогаш, па и сега во Љубљана, изјави Дибирова за официјалниот сајт на клубот.