Тимот на Вардар се наоѓа во многу лоша ситуација, црвено – црните како никогаш досега имаат врзано три порази во низа, два во домашниот шампионат и еден во Лигата на Европа. Кога ќе се сумираат последните три натпревари и овие три порази, тогаш Вардар доаѓа до катастрофални десет примени погодоци за само три натпревари.
Најтежок пораз беше оној од Сосиедад во Скопје, Вардар загуби дури со 0:6, по овој неуспех следуваше криза и во ПМФЛ, најпрвин Вардарци загубија неочекувано во Могила од Победа со резултат 1:0, алармот да биде вклучен се погрижи Работнички, градскиот ривал вчера му одржа фудбалска лекција на Вардар и го победи со резултат 3:1.
Можност за поправување на впечатоците ќе има Вардар веќе в недела во Кратово против тимот на Силекс. Се надеваме дека црната серија на негативни резултати ќе заврши на овој дуел.