Нашата женска сениорска репрезентација идната седмица ќе одигра два натпревара, први во рамки на квалификацискиот циклус за Европското првенство закажано за 2021 година.
Селекторот на црено-жолите дами, Владимир Ѓоровиќ заедно со Срѓан Дамњановски, ги прозиваше сениорките кои одговорија на повикот. Сениорската репрезентација ќе биде комплетирана викендот што следи по приклучување на кошаркарките кои се натпреваруваат надвор од рамките на државата.
Репрезентативките на Република Македонија ќе одиграат натпревар против Германија на 14. ноември, а три дена подоцна ќе се пресметаат со Летонија на домашен терен. Во оваа селекција беа повикани шест девојки од шампионот на Македонија, нашиот ЖКК Вардар. Списокот со повиканите девојки може да го најдете ТУКА!