Поради светската пандемија со Ковид-19, НБЦ односно „куќата на куглањето“ со меил ги извести сите тимови кои беа пласирани во европските купови дека нема да се одржат истите. Одлучено е оваа есен, 2020 година воопшто да не се играат кугларските европски настани.
Нашиот Вардар, требаше да настапи како што веќе известивме по петти пат во Европските кугларски купови во шестата сезона од неговото фунционирање во овој формат. Годинава ние требаше да бидеме дел од НБЦ-купот чии домаќин е соседна Србија, односно градот Апатин.