Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Апатин домаќин на најмасовниот кугларски европски куп-НБЦ Вардар дел од учесниците
Апатин домаќин на најмасовниот кугларски европски куп-НБЦ Вардар дел од учесниците

Апатин домаќин на најмасовниот кугларски европски куп-НБЦ Вардар дел од учесниците

Кугларскиот клуб Вардар ќе настапи како што веќе известивме по петти пат во Европските кугларски купови во шестата сезона од неговото фунционирање во овој формат. Годинава ние ќе бидеме дел од НБЦ-купот чии домаќин е соседна Србија. Познат е градот домаќин, кугланата и бројот на учесници на овогодинешното натпреварување.

Позната е локацијата на одржување, станува збор за градот Апатин односно кугланата во истиот. Овој град од северот на нашиот сосед, поточно во покрајната Војводина ќе угости 24до 26 тима. Ова е најмасовоното европско кугларско натпреварување. Сите тие ќе одигаат квалификациска фаза, по која тимовите кои ќе се најдат во првите топ-4  ќе продолжат да го „бркаат“ пехарот на ова натпреварување. Односно најдобрите четири тима ќе играат за расподелба на медалите.