Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > На денешен ден лани: Македонија по пресврт подобра од БиХ, Трпевска со пет гола е најефикасна од вардарки
На денешен ден лани: Македонија по пресврт подобра од БиХ, Трпевска со пет гола е најефикасна од  вардарки

На денешен ден лани: Македонија по пресврт подобра од БиХ, Трпевска со пет гола е најефикасна од вардарки

Овој период од годината никогаш не изобилувал со спортски настани, па така и лани едниствен дуел за одбележување на денешен ден беше женскиот младински меч против БиХ одигран во Мостар. Во составот на црвено-жолтата селекција имаше пет вардарки. Во извештајот сме го донеле следното:

Женската младинската селекција  на Македонија  го одигра првиот натпревар  против Босна и Херцеговина во Мостар. Ова е една од последните „контролни точки“ пред настапот на  ЕХФ шампионатот во Литванија кој започнува од 15.јули. Победата дојде со пресврт, вториот дел девојките го одиграа фуриозно и беа подобри со осум погодоци.

Црвено-жолтите избранички на Јулијана Дамчевска во првиот дел неуспеаа да наметнат ритам, па босанките заминаа на пауза по крајот на првите 30.минути со два гола позитива. Резултатот за време на паузата беше  14-12 за селекцијата на Босна и Херцеговина.

Во вториот дел го прикажавме целиот наш спектар на акции во напад,  исто така и одигравме далеку поцврсто во одбраната. Тоа донесе дури осум позитива во вториот дел. Нашата победа дојде со шест гола повеќе, односно со резултат 32-26. Со истата селекција ќе се одигра уште еден контролен дуел, денес 10/07/2019 со почеток во 11-00 часот.

Од вардарки најефикасна беше Ивона Трпевска со дури пет гола, Седлоска Андреа погоди три пати, а пикерот Џатевска Ивана стрелаше во една прилика. Во составот беа уште две црвено-црни девојки, станува збор за  Ана Марија Божиновска и голманот Илиќ Андреа.