Ракометниот клуб Вардар официјално на својата страна потврди уште едно големо засилување. Се работи за Марко Вујин, кој е поранешен репрезентативец на Србија.
Вујин доаѓа во Вардар од екипата на Спортинг Лисабон, меѓутоа најдобрите настапи ги имаше додека настапуваше за екипата на Кил.
Со Вујин е потпишан договор на две години. Се надеваме дека неговото искуство ќе биде од големо значење во настапите на Европскиот Шампион.