Калифа Гедбан во новата сезона ќе биде дел од екипата на Адемар Леон, а на својот инстаграм профил се збогува од вардаровите навивачи. Доѓањето во Вардар е остварување на неговиот сон, што имал можност да настапува за голем Европски клуб
„Ми се оствари сонот да бидам дел од голем тим покрај најдобрите светски играчи. Освојувањето на титулите во ЛШ, СЕХА и македонското првенство се најголемиот успех во мојата кариера, а тие спомени нема никогаш да ги заборавам. Фала ти Вардаре што ми ја даде шансата да го развеам знамето на мојата држава на најголемата ракометна сцена. Голема благодарност до навивачите, без кои Вардар не може да успее“, напиша Гедбан
Гедбан две сезони го бранеше голот на Вардар, тим со кој ја освои и Европската титула. Целиот напис можете да го погледнете на линкот, ТУКА.