Иако сеуште не е позната иднината на ФК Вардар, сепак, најдобриот стрелец во ПМФЛ, Даниел Аврамовски и вториот голман на тимот, Филип Илиќ заедно тренираат и се одржуваат во форма.
Иако неколку фудбалери веќе си заминаа од Вардар, најдобриот стрелец сеуште има трпение и ја чека конечната разврска околу иднината на тимот.
Како и фудбалерите, така и ние се надеваме на позитивен крај по доброто на Вардар за сите нас.
Во овој момент ФК Вардар е еден од ретките тимови што сеуште ги нема започнато подготовките за новата сезона.