Вардар и понатаму е најпопуларен тим, за што говори и последната објава на медија тимот на СЕХА-лигата.
Тимур Дибиров се најде во изборот заедно со уште тројца играчи кои се дел од ова натпреварување. Симон Разгор (Мешков Брест), Страхиња Станковиќ (Војводина) и Блаж Благотиншек (Веспрем). Дибиров доби најмногу гласови од фановите на социјалните мрежи и победи во оваа конкуренција.
Дибиров важи за еден од најдобрите стрелци во историјата на СЕХА-лигата, со над 500 постигнати голови, како и со 4 освоени трофеи во СЕХА.