Кугларскиот клуб Вардар кој петти пат ќе игра во европските клубски натпреварување во последните шест години. Одкако во 2014, семејството Димитровски го врати црвено-црното име на кугларската мапа во Македонија, тие повторно ќе ја преставуваат нашата земја на меѓународен собир.
Оваа сезона ќе бидеме дел од НБЦ-купот кој ќе се игра кај нашиот северен сосед, Република Србија. Потврдено е од федерацијата и од светската кугларска федерација дека црвено-црните ќе настапат на ова натпреварување, но сепак останува да се сочека ситуацијата со пандемијата. Единствено само лошиот развој на ситуацијата со Ковид-19 може да донесе до промена на термините и форматот на европските купови.