Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Во недела поединечно првенство на Македонија во крос-кантри, тоа е изборно за Балканското во Загреб, Вардар со 2 преставника
АТЛЕТИКА! Во недела поединечно првенство на Македонија во крос-кантри, тоа е изборно за Балканското во Загреб, Вардар со 2 преставника

АТЛЕТИКА! Во недела поединечно првенство на Македонија во крос-кантри, тоа е изборно за Балканското во Загреб, Вардар со 2 преставника

Согласно календарот, Атлетската федерација на Македонија ќе го организира Државното поединечно првенство на Македонија во крос-кантри на ден 08 Ноември 2015 година во Скопје. Натпреварот воедно ќе има изборен критериум за Балканското првенство во крос-кантри кое ќе се одржи на 22 ноември 2015 година во Врбовец-Загреб,Р.Хрватска во три категории мажи и жени за Младинци, Под 23, Сениори.

Репрезентацијата за Балканското ќе биде одредена после одржувањето на Државното првенство во крос кантри. Почеток на истото е закажан за во  11.00 часот, а место на одржување е Кејот на река Вардар- градски парк, Градска плажа мостот позади забавен парк во правец до Хотел “Александар Палас“. Патека на која ке се трча ова првенство е  кружна со  рамна тревната површина. Нашиот АК Вардар на истото ќе има два преставника : Марко Ивановски  кој ќе трча во сениорска конкуренција и младиот црвено-црн атлетичар Петре Завировски кој ќе се натпреварува во категоријата  под 23 години. Нашите момци очекуваат добар пласман и квалификување за првенството во Загреб-Хрватска.