Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сестрите од Франција Бонавентура ќе го судат мечот со Митјиланд
Сестрите од Франција  Бонавентура ќе го судат мечот со Митјиланд

Сестрите од Франција Бонавентура ќе го судат мечот со Митјиланд

  Европската куќа на ракометот за мечот во Данска со нивниот преставник во елитната шампионска лига – Митјиланд за судии ги одреди сестрите  Шарлот Бонавентура и Џули Бонавентура. Делегат на дуелот ќе биде  Пер Мортен тој доаѓа од Норвешка.

Натпреварот од ова четврто коло во ЕХФ Лигата на шампионските ќе се игра во недела 8 ноември со почеток во 17-00  часот. Нашите девојки на последниот меч дома со истиот противник беа убедливи и остварија голема победа со  дури 9 голови разлика во меч во кој целосно доминиравме во сите сегменти на ракометната игра. Првиот дуел заврши со резултат 33-24, по три кола вардарки се на врвот на табелата со исти број бодови со Ѓер и Митјиланд.