Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пачовски и Мијушковиќ ”незаменливи”
Пачовски и Мијушковиќ ”незаменливи”

Пачовски и Мијушковиќ ”незаменливи”

Нашите играчи, голманот Томе Пачовски и дефанзивецот Немања Мијушковиќ оваа сезона се незаменливи во таборот на црвено – црните. Овие двајца играчи досега ги имаат одиграно сите 13 средби, и не само тоа, туку немаат пропуштено нит минута од теренот (1170 минути на теренот). Пачовски е незаменлив помеѓу стативите во ФК Вардар, а Мијушковиќ е незаменлив (нов) штопер во редовите на ФК Вардар. Се чини вистински погодок беше доведувањето на црногорецот ова лето од Црна Гора.

Освен овие двајца играчи, и Фелипе и Ивановски ги имаат одиграно сите 13 натпревари досега, но со помала минутажа од овие двајца.

Фото: fkvardar.mk