Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Нина Ладева: Сигурна сум дека девојките се подготвени за голем триумф во Автокоманда
Нина Ладева: Сигурна сум дека девојките се подготвени за голем триумф во Автокоманда

Нина Ладева: Сигурна сум дека девојките се подготвени за голем триумф во Автокоманда

Утре во спортската сала во населбата Автокоманда не очекува дерби дуелот, во рамките на 5 коло од женската “Скопско супер лига“ . Во него ќе се сретнат вториот тим на Жрк Вардар и првиот тим на Металург. Двете екипи се наоѓаат на првите две места на табелата, со максимален учинок на бодови во првите четири одиграни кола. Црвено-црните играат одлично на стартот во лигата и се наоѓаат во одлична натпреварувачка форма. Еден од најголемите адути на Вардар Јуниор е голманката Нина Ладева, од која многу се очекува на овој меч.

-Овој дуел очекувам првенствено да го оправда епитетот дерби на колото. Борбената игра и тимскиот дух ќе придонесат да ја продолжиме победничката серија. Натпревар во кој нема скриени адути, добро се познаваме со екипата на Металург и тука се е отворено. Победата ќе ја однесе тимот кој ќе има повеќе идеи во нападот и повеќе фаули во одбраната.

Минатата сезона, мечот во Автокоманда заврши со победа на домаќинот. Во Ј. Сандански избраничките на Симе Симовски направија изненадување победувајќи го големиот противник.

Оваа сезона сме многу посилни, физички и психички. Сигурна сум дека девојките се подготвени за голем триумф во Автокоманда, изјави Нина Ладева за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски