Кошаркарскиот клуб Вардар викендов ќе го игра 5.коло во Втората лига, црвено-црните до сега имаат три победи во воведните четири рунди.
Вардарци на оваа средба ќе бидат домаќини, на нас ни гостува екипата на КК Соколи 1933 од Штип. Дуелот е закажан за во недела (7.ноември). Натпреварот во малата сала при спортскиот центар „Кале“ во Скопје ќе започне во 17-00 часот.