Од овој викенд, стартува кошаркарскиот шампионат М14, вкупно 20 екипи ќе тргнат во битките за трофејот во оваа возрасна категорија. Вардар ќе игра во првата лига поради успесите и квалитетот на екипата.
По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 20 екипи.
ПРВА ЛИГА: Водно Санс, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром, Феникс 2010, Шкупи, Навико Академија ФМП, Куманово, Црн Дрим
ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Струмица, Риниа, Спортисимо, Еуро Никел 2005, Пробаскет, МЗТ Скопје Аеродром-2
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Чаир 2030, Работнички, Вибас, ИБА Баскет, Ангели, Пробаскет Пробиштип
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Прва Лига
Лигата ќе биде составена од осум екипи, земајќи го во предвид пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-14).
Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 14. кола. По одигрување на.натпреварите, натпреварувањето ќе биде продолжено со ОРОЛОЏО систем односно дополнителни седум кола.
По одигрување на натпреварите од првата фаза, (21) коло и добивањето на конечниот пласман од 1-8, натпреварувањето продолжува на следниот принцип:
Втора фаза
Првопласираните четири екипи од прва лига во разигрувањето од прв круг се слободни. Второпласираните четири екипи од прва лига, односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со првопласираните четири екипи добиени по ОРОЛОЏО системот од втора лига по следниот систем:
РАЗИГРУВАЊЕ (прв круг):
1 нат: П5 – В4
2 нат: П6 – В3
3 нат: П7 – В2
4 нат: П8 – В1
* (П) Прва лига
* (В) Втора лига
Сериите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар. Победниците од разигрувањето се пласираат во четвртфинале и ќе разигруваат по следниот принцип.
Трета фаза
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
А нат: Првопласиран П1 – Победник од 4 нат,
Б нат: Второпласиран П2 – Победник од 3 нат,
В нат: Третопласиран П3 – Победник од 2 нат,
Г нат: Четвртопласиран П4 – Победник од 1 нат,
Сериите се играат во два добиени натпревари, по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.
Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-14 (Мажи) и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2021/2022.
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ – 1: Првопласирана екипа (А) со Четвртопласирана екипа (Г),
ПФ – 2: Второпласирана екипа (Б) со Третопласирана екипа (В),
Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место, а победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за Државен првак за 2021/2022 година.