Роберто Гарсија Парондо, поранешниот стратег на Вардар, а сегашен селектор на Египет, оствари голем успех на Африканскиот шампионат и дојде до златниот медал. Неговата селекција го совлада Тунис, со резултат 27-22 (15-11).
Во дуелот за 3-то. место на африканскиот собир на најдобри селекции тимот на Алжир се сретна со селекцијата на Ангола. Во редовите на Алжир на овој шампионат настапи вардаровиот голман, Гедбан Калифа. Тој прв пат во кариерата дојде до медал во сениорска конкуренција. Алжирците ги совладаа своите ривали со резултат 32-27 и дојдоа до “бронза“.