Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар совладан со едноцифрена разлика на гостувањето кај лидерот КК Гоствар
Вардар совладан со едноцифрена разлика  на гостувањето кај  лидерот КК Гоствар

Вардар совладан со едноцифрена разлика на гостувањето кај лидерот КК Гоствар

Во рамки на второто пролетно коло, односно 13.тата рунда во сезоната 2019/2020 година кошаркарскиот тим на Вардар гостуваше кај екипата на Гостивар во истоимениот град. Во оваа средба екипата која го дели врвот со шампионот МЗТ Скопје дојде до победа.

Момците на Радуловиќ се обидоа да парираат на повозрасниот и поискусниот ривал. По првиот период имавме само 4.поени негатива, противникот го доби со 21-17. На одмор заминавме со намалено водство на противникот, ние дојдовме до само два поена заостаток (35-33).  Домашниот тим искусно го исконтролира дуелот и не победи со едноцифрена предност, на крајот беше 77-68.

Во нашиот состав Робев имаше 19.поена, Нивес имаше 17, по 15 впишаа Провел и Темелковски кој додаде и неверојатни 15 скока зад своето име.