Пионерите на ракометниот клуб Вардар го освоија третото место на младинскиот турнир кој беше во организација на КЛ7.
Вардарци завршија на третото место во конкуренција на четири екипи, колку што земаа учество во генерацијата родени 2004 и помали. На целокупниот турнир одигравме вкупно три натпревари, на кои имавме скор од една победа ( против Пик Сегед, 31:18), нерешен резултат ( против Металург, 21:21) и пораз ( против домаќинот КЛ7, 22:24).
Првото место му припадна на тимот на Металург, додека на втората позиција се најде КЛ7, а како последнопласиран заврши тимот на Пик Сегед. Наградата за освоеното трето место на Вардар му беше врачена на капитенот, Марио Стојановски.