На 12.февруари ќе биде познат противникот на Вардар во четврт-финалето од СЕХА-лигата, денот кога ќе се одигра реванш мечот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Нексе.
Директен пласман во 1/4 финалето на СЕХА-лигата обезбедија екипите кои завршија на првите две места во своите групи. Вардар и Мотор Запорожје од групата А, и Веспрем и ППД Загреб од групата Б се слободни во осминафиналната рунда. Сите тие ќе ги чекаат своите противници, во следната елиминациска рунда.
Вардар е актуелен освојувач и најтрофејниот клуб во СЕХА-лигата, со вкупно пет освоени трофеи. Екипата на Веспрем има два, додека Загреб еден трофеј во ова натпреварување.