Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Македонија М18 со победа над Бугарија во гости, вардарецот Каркуки еден од најдобрите поединци

Кошарка: Македонија М18 со победа над Бугарија во гости, вардарецот Каркуки еден од најдобрите поединци

69780620180717

Македонската кошаркарска  јуниорска репрезентација (М18) запиша уште една  победа во рамки на подготвителниот период во пресрет на Европското првенство (дивизија Б), за кошаркари до 18 години, кое ќе се одигра во нашата престолнина Скопје.

Репрезентативците нешто повеќе од еден месец ги обавуваат подготовките за настап на првенството, а досега одиграа пет пријателски натпревари. На контото нашите кошаркари додадоа уште една   победа, откако  ја совладаа соодветната репрезентација на Бугарија. На дуелот одигран во Благоевград ние победивме  со резултат  62-73 односно, 16-22, 16-11, 15-22 и 15-19 по делници. На овој дуел на теренот настапи играчот на црвено-црните, Валмир Каркуки. Тој имаше значајна улога во оваа победа.  Одигра околу 19.минути на овој дуел, мечот го заврши со 75% ефект на ударите од поле и од линијата за слободни фрлања. Од двете позиции погоди по три пати од четири обиди, вкупно зад своето име имаше 9 поени, покрај тоа имаше две асистенции и по еден скок во офанзива и дефанзива.