Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го донесе третиот најдобар стрелец во шампионатот на Русија и најдобриот играч на Санкт Петербург во последните три сезони
Вардар го донесе третиот најдобар стрелец во шампионатот на Русија и најдобриот играч на Санкт Петербург во последните три сезони

Вардар го донесе третиот најдобар стрелец во шампионатот на Русија и најдобриот играч на Санкт Петербург во последните три сезони

Во текот на вчерашниот ден, ракометниот клуб Вардар го претстави и своето трето засилување за новата натпреварувачка сезона. Се работи за репрезентативецот на Русија, Димитри Киселев кој доаѓа од екипата на Санкт Петербург. Тој заедно со Кристопанс ќе играат на десната бековска позиција во Вардар.

Киселев со тимот на Петербург заврши на третото место во првенството на Русија, пред екипата на Чеховски Медведи, која само ја потврдува доминацијата во рускиот ракомет во последните наназад многу години, додека второпласиран беше тимот на Спартак Москва. Она што не интересира за Киселев, е тоа што Вардар успеа во своите редови да го донесе најдобриот стрелец во последните три сезони за екипата на Санкт Петербург. На 22 одиграни натпревари во изминатава сезона во шампионатот на Русија, новиот десен бек на црвено-црните успеал да постигне 195 голови, или тоа се во просек нешто помалку од 9 голови на секој одигран натпревар. Само за споредба и во сезоната 2016/17 бил најефикасен играч во својот тим со 245 постигнати голови, како и во сезоната 2015/16, кога Киселев е најдобар стрелец со 148 погодоци.

Според статистичките податоци до кои дојдовме за изминатата сезона во шампионатот на Русија, Киселев е трет најдобар стрелец во лигата. На првото место завршил играчот на Каустик, Михаил Виноградов кој постигнал 252 голови, додека второто место е за Дмитри Ковалев кој настапува за тимот на Спартак Москва, каде постигнал 244 голови и е репрезентативец на својата земја. Киселев во С.Петербург имал можност да работи со Димитри Торгованов, кој е поранешен играч и селектор на руската репрезентација.

Киселев заедно со триото од Вардар, Дибиров-Горбок и Шишкарев беа едни од најзаслужните за пласманот на Русија, на СП кое следната година ќе се одигра во Германија и Данска, на кое ќе ги гледаме токму четворицата вардарци. Несомнено е дека Вардар донесе големо засилување на позиција каде е многу тешко да се донесе квалитетно засилување, со оглед дека се работи за леворак играч. Киселев има само 24 години и се смета за голем потенцијал на рускиот ракомет, кој треба да биде носител на играта на младата генерација, која треба да ги замени постарите играчи во иднина.