Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат официјалниот термин за одигрување на вториот ракометен супер куп, на кој ќе се сретнат Вардар и Металург
Познат официјалниот термин за одигрување на вториот ракометен супер куп, на кој ќе се сретнат Вардар и Металург

Познат официјалниот термин за одигрување на вториот ракометен супер куп, на кој ќе се сретнат Вардар и Металург

Годинава ќе се одигра и вториот супер куп во историјата на македонскиот ракомет. Во истиот ќе се сретнат екипите на Вардар, како освојувач на двојната круна и Металург, кој играше во финалето на купот и го освои второто место во супер лигата.

Официјалниот термин за одигрување на овој дуел, е 18-ти август, со почеток од 21:15 часот на отвореното игралиште во Струга. Во овој период ќе се игра и традиционалниот струшки турнир. Инаку црвено-црните се освојувачи на првиот супер куп, откако минатата година во С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Металург.

Во Струга прв пат, домашната ракометна јавност ќе има можност да ги види новите засилувања на Вардар, тим кој во новата сезона ќе го предводи Роберто Гарсија Парондо.