Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Девојките на Вардар оваа година го освоија првиот пехар, на одмор заминуваат како втори
Кошарка: Девојките на Вардар оваа година го освоија првиот пехар, на одмор заминуваат како втори

Кошарка: Девојките на Вардар оваа година го освоија првиот пехар, на одмор заминуваат како втори

Денес е последен ден од 2017 година, година во која црвено-црното семејство првпат доби титула во женската кошаркарска лига. Оваа пролет во финалето девојките на Вардар дојдоа до Куп трофеј со победата над шампионот Бадел. Тие во првенството по победа во полуфиналната серија земаа учество во финалната каде беа поразени.

Со одигрување на последното есенско коло минатиот викенд заврши есенската етапа во женската прва кошаркарска лига. На сила во моментот е зимската пауза која ќе трае се до крајот на идниот месец, јануари. Вардарки одиграа оваа есен седум дуели и двапати беа слободни во деветте кола колку што се одиграа во единствената кошаркарска лига во земјава. Ние по крајот на есенскиот дел ќе презимиме како второпласиран тим.

zkk-timska-660x330

Прв на табелата е шампионот Бадел 1862 со максимални 16 бода, од одиграни осум кола. Нашите девојки се второпласирани тие освоија 12 бода до 7 кола. Забележавме победа на пет дуели, а двапати бевме поразени, единствено во домашниот и гостинскиот дуел со бранителот на титулата, Бадел. Ние сме комотни на вице-шампионската позиција, бидејќи третиот на табелата ЖРК Пелистер заостанува три бода зад нас.

zkk-tabela

Имаме втор најдобар напад во лигата, со 459 постигнати поени, или постигнуваме 66 поени по дуел. Шампионот, Бадел има позитивна кош разлика 365+, а ние сме единствени од останатите тимови со позитивен скор во оваа категорија и имаме 98 поени позитива. Во сите други дуели освен со богатиот тим на Бадел, дома и во гости дојдовме до победа над своите ривали.

Како што прелиминарно е закажано првото пролетно коло не очекува на 21-ви јануари идната, 2018 година. Во истото треба да гостуваме во градот Струга кај екипата на ЖКК Струга 2009.