Во соседна Србија се одигрува силен меѓународен кугларски турнир во Бачка Топола. Турнирот се огранизира во “Функ Арената“ која фунционира во Бачка Топола, именуван е како Војводински Гран при-2017. На него земаа учество претседателот на Кугарски клуб Вардар, Димитар Димитровски и неговиот некогашен соиграч од Вардар, а сега “соборец“ од Медвешчак-Хрватска, кугларскиот “Моцарт“, Бојан Влаќевски.
На турнирот се играа квалификации, нашите момци одлично ги одиграа истите и постигнаа одлични постигнувања. Со тоа обезбедија пласман во финалето од турнирот. Бојан Влаќевски соборил 581“дрва“, апак 629 беше скорот на Димитровски Димитар. За жал двајцата не успеаа да се пласираат во “супер финалето“ каде отидоа најдобрите 6 куглари. Димитровски за жал заврши седми, едно место зад позицијата која води во “кремот“.