После завршување на светското ракометно првенство во Германија, ракометарката на Вардар и Црна Гора, Јованка Радичевиќ се наоѓа на заслужен одмор. Подготовките за пролетниот дел од сезоната на црвено-црните им започнуваат на 8-ми јануари, па Јока максимално го користи одморот.
Таа се наоѓа во Дубаи, каде ужива во топлото време, што се гледа и по фотографијата, а одморот ќе и биде добредојден после предизвиците кои следат во новата 2018 година и продолжување на настапите со Вардар во Лигата на Шампионите.