Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Антонио Мирков: Искуството и координираноста на Тодоровски и Петрески ми помогнаа да се надоградувам и приспособам во играта на двете генерации
Антонио Мирков: Искуството и координираноста на Тодоровски и Петрески ми помогнаа да се надоградувам и приспособам во играта на двете генерации

Антонио Мирков: Искуството и координираноста на Тодоровски и Петрески ми помогнаа да се надоградувам и приспособам во играта на двете генерации

Антонио Мирков ја игра својата втора сезона во фудбалскиот клуб Вардар, а во есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2017/18 паралелно настапува за генерациите на Вардар родени “2002“ и “2003“ година. Мирков е роден “2003“ година, но добива шанса да игра и за помладите пионери на клубот, кои имаат полусезона за незаборав. Мирков успеа и во двете екипи да се запише во листата на стрелци. Така за генерација “2003“ има постигнато пет, додека за повозрасната екипа на Вардар запиша седум голови зад неговото име. Тоа само говори за каков квалитетен играч се работи, на кој тренерите Петрески и Тодоровски, сериозно сметаат на неговите услуги. Како ја виде изминатата полусезона во двете генерации, можете да прочитате од изјавата на Мирков, само за нашиот сајт.

26175101_1951020128259149_1617087343_n

-Есенскиот дел од оваа сезона почна со силно темпо на натпревари. Бев повикан да настапувам и тренирам со помладите пионери на Вардар а воедно настапував и за генерацијата 2003. Добивав задачи што на почетокот мислев дека ќе биде тешко да се реализираат, но ако се сака се се може и јас го постигнав тоа. Не беше воопшто тешко, само редовните тренинзи и дисциплината овозможија се да тече во нормален тек. Горан Петрески и Сашо Тодоровски, двајца различни тренери со два различни карактери кој воопшто не ми беа познати, но нивното искуство и координираност успеваа да ми помогнат да се надоградувам и приспособам во играта. Јас имав право на игра на три полувремиња, па се трудев да ги искористам на најдобар начин, да помогнам на двете екипи кој сега се есенски шампиони и се надевам дека ќе остане така до крајот.

Двете генерации се во борба за двата трофеи, во првенството и во националниот куп, на кој се пласираа во полуфиналето. Помладите пионери сигурно атакуваат на првенствената титула, откако имаат голема бодовна предност пред останатите конкуренти. Само да потсетиме избраниците на “Рап-Тап“ имаат 13 победи и само еден нерешен резултат, од 14 одиграни мечеви. Добра полусезона имаше и генерацијата “2003“ на “Чунга Лунга“ која исто така се наоѓа на првото место, во регионалната – скопска лига и исто така со обезбеден пласман во полуфиналето на купот.

26174827_1951020104925818_1495663034_n

-Со помладите пионери имавме извонредна сезона, во која само со еден нерешен резултат и 13 победи сме есенски шампиони и тоа така ќе остане до крајот, а воедно одиме на двојна круна, што би значело освојување на пехарот во купот. Со генерацијата 2003 сме први со два бода предност пред второпласираната Шкендија која исто така ја исфрливме од четвртфиналето на купот и мора да се задржиме на првото место на табелата, што би значело без пораз да го завршиме вториот дел од сезоната и да ја одбраниме титулата, како во лигата така и во купот, што би значело нова двојна круна со генерација 2003.

Звонко Ивановски