Екипата на РК Вардар ја одбележа годината во ракометна Европа, за 2017 година. Црвено-црните од “сенка“ на големите фаворити направија мало “изненадување“ и успеаа да да ја освојат Лигата на Шампионите, иако на завршниот турнир во Келн, најмали шанси за ваков подвиг им се даваа токму на Вардар, пред големите Барселона, ПСЖ и Веспрем. Сепак така не мислеа и избраниците на Гонзалес, кои во неполни 24 часа ги совладаа најпрво во полуфиналето Барселона, за во големото финале да бидат подобри и од ПСЖ.
Според ракометниот портал “Хенд-стејшн“, Лука Циндриќ е прогласен за најдобар играч во 2017 година, според гласовите на фановите. Лука го постигна решавачкиот гол во полуфиналето против Барса и имаше одлична сезона во црвено-црниот дрес, па повеќе од заслужено е ваквото признание за репрезентативецот на Хрватска. Наградата добива на “тежина“ ако се знае дека после него завршија Никола Карабатиќ и еден од најмладите талентирани ракометари, Сандер Сагосен.
Што се однесува кај тренерите, тука неприкосновен за оваа година е “Ел команданте„ или Раул Гонзалес, кој во изборот ги победи Кристијан Берге и Дидие Денарт, додека Вуко Борозан го освои третото место кај младите играчи кои имале најголем напредок оваа година.